Скопје

Изменет сообраќаен режим во Скопје, еве каде и зошто…

На 11 и 12.09.2019 (среда и четврток) во времето од 21.00 до 06.00 часот, на булеварот „Илинден“ во близина на Градскиот парк, во организација на ДФПУ„ВЕРТИГО ВИСУАЛ“ ДОО, Скопје, ќе се одржи настан – снимање на филм.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот

На почеток