чет. Сеп 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Лидерската средба без напредок – се сложуваат само дека СЈО е мртва институција

Нема напредок на лидерската помеѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски, брифираат извори од преговарачките тимови на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Од власта велат дека нема напредок за ниедна точка. На истиот став е и опозицијата, објави 24.мк.

„Взаемна согласност има само околу констатацијата дека СЈО е завршена приказна и мртва институција“,  вели за тв 24 висок извор од преговарачкиот тим од опозицијата.

Неофицијално, најмногу полемика имало кој да го предлага новиот шеф за новото обвинителство за организиран криминал и висока корупција. На маса се нашла и аферата „Рекет“.

извор: ТВ 24

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close