Македонија

Нема договор за законот за ЈО – Лидерската средба НЕ УСПЕА

Лидерската средба помеѓу лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, која траеше повеќе од седум часа, заврши без договор.

Според извори на Телма, од преговарачките тимови, власта и понудила на опозицијата да има две обвинителства кои би биле исти по ранг, едното да се вика обвинителство за висока корупција и да ги гони именуваните функционери, а шефот на ова обвинителство да го предлага опозицијата, што било неприфатливо за ВМРО ДПМНЕ. Ова обвинителств нема да може да има увид во предметот Рекет. Надлежноста би била времена, и со заштитни механизми при изборот. Опозицијата барала кај ова обвинителство да бидат префрлени и предметите од првите 18 месеци отворени од СЈО, барајќи можност за нивно застарување, одолговлекување и оневозможување на нивните судски завршници.

ВМРО-ДПМНЕ инсистирале со закон да се укинат предметите на СЈО отворени по 30 јуни 2017.

Преговарачите не постигнале согласност ниту за статусот на обвинителите, објави Телма.

На почеток