Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Два месеци како Боки 13 е во притвор, а не е повикан на распит – Што знае, па Русковска и Заев се плашат од тоа!?

Истекуваат два месеци откако Боки 13 е во притвор, а тој се уште не е повикан на распит. Што знае Боки 13, па Русковска и Заев се плашат од тоа!?

Единствено што ЈО прави е развлекување на истрагата за да биде заборавена во јавноста аферата Рекет.ЈО молчи и за случајот објавен во медиумите, во кој се вели дека високи функционери на УБК со чувствителни материјали рекетирале бизнисмени. Тоа значи директно и на втора институција, после СЈО во незаконски дејствија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

За сето време Катица Јанева продолжува да командува со имституцијата преку која го вршела кривичното дело. Несвојствено е ЈО за осомничен кој извршил такво дело да не побара одалечување од службата.Русковска молчи и за наредбите на Јанева од притвор, која ѓу командува на нејзиниот шеф Јовески, а се наоѓа зад решетки заради злоупотреба на службена положба и овластување. Апсурд до апсурд.

Ваков правен систем не постои никаде во светот. Ова не е право, туку циркус.СДСМ не сака право. СДСМ сака криминалците да останат неказнети. СДСМ нема кредибилитет повеќе. СдСМ мора да си замине, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

 

На почеток