чет. Сеп 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Дизелот поскапува, поевтинува БС 95

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,21%, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит, со што малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува, односно изнесува 69,00 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 02.09.2019 година и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50 ден/лит.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close