чет. Сеп 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

(ВИДЕО) На денешен ден пред 18 години, терористичките напади во САД

Во САД денеска се одбележуваат 18 години од терористичкиот напад извршен на 11 септември 2001 година во Њујорк и Вашингтон, кога загинаа речиси 3.000 лица.  Нападите се слулија кога терористи грабнаа четири авиона од кои два удрија во кулите близначки – Светскиот трговски центар на Менхетн, еден во Пентагон, а четвртиот се урна во рурален дел на Пенсилванија бидејќи патниците покажале отпор.

Двете кули високи по 410 метри во Светскиот трговски центар целосно се урнаа, а зградата на Пентагон беше значително оштетена.

Обвинувајќи го Осама бин Ладен, лидер на исламските екстремисти кој се криеше во Авганистан за организацијата на терористичките напади, САД на 7 октомври почнаа бомбардирање во Авганистан, а подоцна и со повеќе други акции против Ал Каеда.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close