чет. Сеп 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Џавид: Во случај на Брегзит без договор ќе се врати бесцаринската трговија

Ако Велика Британија ја напушти ЕУ без договор, фри-шоповите ќе бидат повторно воведени на аеродромите за патниците кои одат во ЕУ, соопштија официјалните лица.

– Патниците во ЕУ ќе можат да купат пиво, алкохол, вино и цигари без царини што се применуваат во Велика Британија, се вели во соопштението на Министерството.

Таа одлука, објавена од министерот за финансии Саид Џавид, значи, на пример, дека едно шише вино купено во продавницата без царина на лондонскиот аеродром Хитроу ќе биде поевтино за 2,5 евра, соопшти Министерството.

Патниците кои ја напуштаат ЕУ ќе продолжат да можат да купуваат и носат алкохол и цигари во Велика Британија неограничено под услов да платат царина, се додава во соопштението.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close