чет. Сеп 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

(ФОТО) Сообраќајката во Маџари, повредено едно лице

Едно лице е полесно повредено откако автомобил излета од пат. Од МВР за Курир информираат дека несреќата е пријавена околу 3:30 часот, а истата се случила на регионалниот пат Скопје-Велес, во близина на Трубарево.

Според полициските информации, 24 годишниот скопјанец Х.К. управувајќи автомобил „Алфа“ изгубил контрола над истиот и излетал од патот.

Во несреќата со полесни повреди се здобил сопатникот во возилото.

Полициски екипи на местото на сообраќајната несреќа извршиле увид.

Извор: Курир.мк 

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close