чет. Сеп 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Поранешeн бугарски пратеник обвинет за продавање тајни на Русија

Бугарското обвинителство го обвини водачот на невладина организација дека шпионирал за Русија, обидувајќи се да го одвлече вниманието на Бугарите од западните сојузници и да ги приближи до Москва.

Заменик главниот обвинител Иван Гешев изјави дека Николај Малинов, претседател на Националното движење Русофили бил обвинет за тоа што „се ставил во служба на странски организации да работи како шпион“. Доколку биде прогласен за виновен тој би можел да добие казна од 15 години затвор. Малинов е пуштен од притвор, но му е забрането да ја напушти земјата.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close