чет. Сеп 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Михаил е пронајден и е во добра состојба – пронајден е на автобуска станица

Исчезнатото дете Михаил по кое се трагаше утрово е пронајдено. Неофицијално детето е пронајдено на автобуска станица во населбата Циглана. Тоа е во добра здравствена состојба и се испитува како и со кого заминало во таа насока.

Ученикот Михаил се изгуби вчера, а неговата мајка молеше за информации за изгубениот син и по социјалните мрежи, откако случајот го пријавила и во полиција.

Имено, како што пишува мајката, Михаил заминал во училиште во вторникот наутро, но до таму не стигнал.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close