чет. Сеп 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

За 24 часа во Скопје исклучени 28 возачи, 53 возила се подигнати со специјално возило „пајак”

На 10.09.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 43 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 28 возачи, од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол и 27 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај се и 27 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се пет возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, четири возачи поради неправилно престигнување, 17 возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 18 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 32 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 52 мандатни платни налози, а 53 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close