чет. Сеп 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Втор циклус еднократна помош за новороденчињата во Општина Центар – Денеска поделени уште 100 решенија на баратели за парична помош за новороденче

????????????????????????????????????

Денеска во Општина Центар, градоначалникот Саша Богдановиќ ги подели решенијата за парична помош во висина од 7.000 денари на 100 баратели со новороденчиња од Центар.

Средствата се доделуваат редовно, во рамките на проектот на општината за првична помош и поддршка на родителите кои се жители на Општина Центар, а од оваа година општината потпиша меморандум за соработка со општествено одговорни компании и здруженија кои на овие семејства им донираат пакети со производи и услуги.

Годинава, ова е втор циклус на доделување парична помош за новореденче во Општина Центар. Во првиот циклус, кој беше на почетокот на јуни, беа поделени 100 решенија, а тогаш како донатори беа вклучени „Еурофарм“, „Веледа“, „Астера“,„Банката за храна“ и „Еурохуман“.

Деновиве беше потпишан и Меморандум за соработка со компанијата за храна и производи за бебиња „Хип“ и ПЗУ „Жан Митрев“ Скопје.

На денешниот настан во општината присуствуваа и претставниците на споменатите компании и здруженија кои во оваа прилика на семејствата им поделија: сет производи за бебиња од  „Хип“; ваучер во износ од 1.500 денари за педијатриски преглед во  ПЗУ „Жан Митрев“; вредносен ваучер во износ од 1.000 денари од „Еурофарм“; пакет производи соорганска козметика за бебиња од  „Веледа“; бесплатни часови за јога и совети за доење од „Астера“и бебешка хранаод „Еурохуман“.

На настанот, Градоначалникот Богдановиќ им се заблагодари на компаниите и здруженијатаза нивнатаопштествена одговорност и изрази уверување дека, во иднина и други компании ќе го следат нивниот пример.

Согласно, Правилникот за добивање на парична помош за новороденче,  потребно е да се поднесе барање, а во прилог да се достават на увид фотокопија од важечки лични карти или пасош за лична идентификација со адреса на живеење или престојување во Општина Центар, фотокопија од извод од Матична книга на родените за новороденчето и фотокопија од трансакциска сметка на барателот на оваа помош. Рокот за поднесување на барањето е 6 месеци од денот на раѓањето на новороденчето.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close