чет. Сеп 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

СЈО го доби писмото од Јовевски за преземање на предметите, треба да се прецизираат техничките прашања на предавањето

Специјалните обвинители го разгледуваат дописот од првиот јавен обвинител Љубомир Јовески, по кој треба да му ги предадат сите материјали и докази со кои располагаат. Имено денеска во специјалното јавно обвинителство пристигнал дописот од државниот обвинител Љубомир Јовески во кој наведува дека е подготвен да ги преземе предметите од СЈО. Најголем дел од обвинителите се на став дека треба да му ги предадат, но останува да се договорат околу техничките прашања на предавањето.

Во СЈО, кое според законот има уште една година мандат,  се загрижени и поради неизвесноста околу политичките преговори за законот со кој треба да се реши нивниот статус но и поради тоа што не се избра заменик на нивната шефица Катица Јанева чиј мандат истекува во недела на 15 септември.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close