чет. Сеп 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

(ВИДЕО) На Бахамите над 2 500 исчезнати , не се знае кој се спасил од ураганот ,,Доријан”

Околу 2 500 лица се на пописот на исчезнати , откако ураганот ,,Доријан” ги опустоши Бахамите. Според властите , можно е дел од исчезнатите да нашле прибежиште на некои други острови на архипелагот.

„Овој список сѐ уште не го споредивме со владините податоци за тоа кој заминал во засолништата, а кои луѓе се евакуирани. Процесуирањето на базите со податоци е во тек“, изјавил Карл Смит, шеф на националната агенција за вонредни состојби. Илјадници луѓе сѐ уште се наоѓаат во засолништата на разните острови од бахамскиот архипелаг, а во мометот според официјалните податоци во невремето од 1-ви септември има 50 загинати.

Доријан ги погоди овој архипелаг пред десет дена како еден од најсилните уригани кои некогаш се забелажани, следен со ветрови со брзина од 298 нгиломтри на час.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close