Македонија

Вангеловски има 8 дена за жалба

Доскорашниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, има рок од осум дена, во кои може да поднесе жалба за разрешувањето од позицијата. Според процедурата, Вангеловски има право да поднесе жалба во рок од осум дена од приемот на решението до Советот од судии во кој членуваат девет судии. Тројца судии ќе бидат избрани од Врховниот суд, а по еден судија со ждрепка ќе биде избран од четирите апелациски подрачја во земјава, (Скопје, Битола, Штип и Гостивар) во кои припаѓаат по неколку основни суда од градовите. Бројката на врховни судии се зголемува со тоа што, уште двајца судии се избираат од судот каде што работел разрешениот судија, односно од Врховниот суд. Со тоа, за жалбата на Вангеловски ќе одлучуваат петмина врховни судии и четворица судии кои ќе бидат избрани по пат на ждрепка.

Инаку завчера Советот на јавни обвинители со седум гласа „за“ го разреши Вангеловски за нестручно и несовесно работење. Барањето беше поднесено поради одлуката на Кривичниот совет составен од пет судии да го пушти од притвор бизнисменот Сеад Кочан кој тогаш беше во бегство. По одлуката на Врховниот суд, Кочан се врати во Македонија, а сега веќе е на отслужување на затворската казна за предметот „Труст“.

На почеток