Свет

Хонг Конг понуди 36,6 милијарди долари за Лондонската берза

Oператорот на берзата во Хонг Конг, компанијата „Hong Kong Emerging End Clearing Limited“ (HKEX), денеска достави понуда до Лондонската берзанска група (ЛСЕ) за „спојување на двете компании“, а според договорот се проценува дека ЛСЕ ќе чини 29,6 милијарди фунти (36,6 милијарди американски долари).

– Управниот одбор на HKEX смета дека двете компании се многу комплементарни поради што со нетрпение очекуваат да работат со релевантните власти за да се отвори патот кон реализација на трансакцијата, се наведува во соопштението на операторот на Хонконгшката берза.

Со спојувањето на двете компании, подобро би се позиционирале на пазарите и други географски зони, а од друга страна на пазарните учесници и инвеститори би била понудена неверојатна поврзаност на глобалниот пазар.

На почеток