чет. Сеп 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

(ВИДЕО) Серија експлозии и пожар во магацин со муниција на Северен Кипар

Пожарот по серија експлозии во складиште за муниција во турскиот дел од Кипар е локализиран и започната е истрага за инцидентот, соопшти во четвртокот утрото туското министерство за одбрана. Министерот за надворешни работи на кипарските Турци, Кудрет Озерсаи напиша дека неколку лица се здобиле со полесни повреди од искршено стакло.

На својата фејсбук-страница тој напиша дека областа е „запечатена“ бидејќи експлозиите продолжуваат и додаде дека пожарот е локализиран и дека сѐ уште не е познато што ја иницирало првата експлозија, која се случила во 1:30 часот по полноќ.

 

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close