Свет

(ФОТО) Премиерот на Косово преку писмо до чешкиот премиер образложува: Поради обврските не присуствувам во Прага

Премиерот на Косово кој поднесе оставка Рамуш Харадинај, испрати писмо до чешкиот премиер Андреј Бабиш во кое се вели дека не е во можност да присуствува на денешната средба на премиерите на Вишеградската група и Западен Балкан. Писмото и образложението харадинај ги објави на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук. Еве што тој напиша:

– Почитувани граѓани, Косово влезе во циклус на предвремени избори и ангажирањата кои во ова важно време за земјата ми го оневозможија учеството во работата на Самитот V4 и WB6 под водство на Чешката Република. Преку ова писмо, изразив искрена благодарност до премиерот на Република Чешка, г. Андреј Бабиш, за поканата до премиерот на Косово за да учествува на Самитот и ние високо ја цениме посветеноста на Република Чешка кон Западен Балкан и европската перспектива на регионот. Како Косово, ние ќе продолжиме да бидеме сериозни придонесувачи за мир и стабилност во регионот и кон дијалогот со Србија, кој ќе заврши со взаемно признавање во постојните граници –  напиша  Харадинај на ФБ.

https://www.facebook.com/RamushHaradinajOfficial/photos/pcb.1346904078767336/1346903482100729/?type=3&theater

На почеток