Актуелно

(ВИДЕО) Шокантно: Две девојчиња тепаат врсничка, а останатите тоа го снимаат

Врсничко насилство во Брајево, Србија, каде две 15- годишни девојчиња малтретираат и удираат нивна врсничка. Учесниците во ова видео со врсничко насилство се прва година средно одделение во училиште во Барајево, Србија. Во него се гледаат две ученички кои напаѓаат трета, а на сето тоа се смеат сите соученици.

Видеото може да го погледнете на овој линк.  тука.

Надлежните веќе работат на расчистување на случајот, соопштија српските медиуми. Во истрагата на Министерството за образование е вклучена и Единицата за борба против врсничко насилство, како и Секторот на средни школи.

Директорот на училиштето за „Телеграф“ вели дека против двете ученички е покрената дисциплинкса постапка, а во случајот е вмешана и полицијата, имајќи предвид дека едната ученичка има 15, а другата 14 години.

На почеток