Македонија

Конфедерацијата на слободни синдикати бара минималната плата да изнесува 16.000 денари

Минималната плата да изнесува 16 илјади денари, бара Конфедерацијата на слободни синдикати. Со секое покачување на минималецот, да растат и платите на сите вработени, како и на оние во јавниот сектор. Оправданост за ова гледаат во растот на просечната плата и потрошувачката кошничка која изнесува 500 евра. Од Конфедерацијата се децидни – Европската директива за минимална плата, велат наложува таа да биде барем 60 отсто од просечната.

За минималната плата вчера зборуваше и вицепремиерот Кочо Анѓушев. Тој призна дека едно македонско семејство не може да живее со 200 евра, па дури и ако двајца членови се вработени. Вицепремиерот вели оти преговорите околу дефинирање на сумата на минималецот продолжуваат и со стопанските комори, но и со бизнис секторот. Колку таа ќе изнесува се уште е неизвесно.

Инаку, во моментот, минималната плата изнесува 12.508 денари, а СДСМ во предизборната програма вети дека таа ќе достигне до 16 илјади денари до крајот на мандатот на владата.

На почеток