Скопје

Санкционирани 145 возачи на мотори и автомобили во Скопје

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје во периодот од 19.30 на 14.09.2019 до 01.00 часот на 15.09.2019 спроведе зајакната акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје. Притоа, санкционирани се 21 возач на мотоцикли кои сториле прекршоци.

Откриени се и 43 останати прекршоци за кои се издадени 24 прекршочни платни налози и 19 мандатни платни налози.

На 14.09.2019 во периодот од 06.00 до 24.00 часот Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа, евидентирани се вкупно 37 прекршоци од страна на возачи на моторни возила, за што им се издадени соодветни казни.

Откриени се и 44 останати прекршоци, за кои се издадени 27 прекршочни платни налози и 17 мандатни платни налози.

 

На почеток