Македонија

СДСМ: Со недели ВМРО-ДПМНЕ врши притисок врз обвинителството и судството

Во ВМРО-ДПМНЕ, буквално ништо не се менува, партијата се уште работи по инструкции од Будимпешта.  груевизмот зрачи. Игор Јанушев, Христијан Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ се послушници на почесниот претседател во бегство Никола Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ освен што брани криминал, веќе и јавно кажува дека сака да биде контролор на обвинителството, се вели во соопштението од СДСМ.

Со недели ВМРО-ДПМНЕ прави сериозен притисок врз судството и обвинителството. Им кажува што и како да прават, најавува контрола врз нив и најавува документи од истраги и ја загрозува постапката за „Рекет“.

За ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски неселективната правда и еднаквоста пред законите се непознати поими, затоа свесно и намерно се обидуваат да попречат правдата за да ги заштитат огромниот број криминали направени за време на нивното владеење.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ стои на страната на правото, неселективноста пред законите и правичен судски систем.

Додека ВМРО-ДПМНЕ се обидува да заштити и заташка криминали, СДСМ се бори правдата да победи и секој што направил прекршување на законите да одговора.

Паниката на Мицкоски е разбирлива, бидејќи нема да ја оствари неговата единствена мисија и ќе го разочара неговиот шеф во Будимпешта, Мицкоски нема да ги заштити неговите криминали.

Заврши времето кога истрагите, пресудите се нарачуваа од белиот дворец. Денес, Република Северна Македонија е правна држава и секој што ги прекршил законите ќе одговора, се вели во соопштението од СДСМ.

На почеток