Македонија

Престанува мандатот на обвинителите на СЈО, што со нив и дали преку ЈО ќе ги добијат повторно истите предмети?

Советот на јавни обвинители денеска треба да го констатира престанокот на мандатот на обвинителите од Специјалното јавно обвинителство. Во саботата специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која во моментот е во притвор беше едногласно разрешена од членовите на Советот. Дали обвинителите ќе продолжат да ги застапуваат своите предмети останува да видиме откако дополнително ќе се одлучува  во Јавното обвинитлество за тоа.

Први ќе бидат распредлени предметите за кои се закажани рочишта и оние кои се во судска постапка, а целиот процес се очекува да заврши за две до три недели.

Загриженост и неизвесност за својот статус пројавија и стручниот, административен и помошно-технички персонал на СЈО. Тие преку допис побараа помош од меѓународната заедница која беше дел од процесите на формирање на ова обвинителство и од политичките чинители во земјава.

Министерката за правда Рената Дескоска во изјава за МИА рече дека за време на разговорите за законот за Јавното обвинителство предложиле вработените во СЈО да бидат префрлени во републичкото Јавно обвинителство.

На почеток