Македонија

Според Законот за СЈО постоиме до септември 2020, вели Ленче Ристовска

Обвинителката во СЈО Ленче Ристовска рече дека согласно Законот, СЈО се уште постои и функционира и се надева дека наскоро ќе биде донесен законот за ЈО.

-Многу пати апелиравме за важноста на носење на овој закон (Закон за ЈО н.з.). Тоа го има и во последното наше соопштение зошто е важно да се донесе тој закон. СЈО се уште постои, се уште функционираме, по Законот за СЈО до септември 2020 и верувам дека ќе најдат начин. Јас се уште негувам надеж и верувам дека ќе се најде извесно законско решение, рече Ристовска.

На почеток