Свет

ВИДЕО: Децата во Албанија учат дека Косово е Србија

Во албанските учебници по географија за основно училиште во Косово, Република Косово е претставена како дел од државата Србија, пренесува „Клан Косова“.

Оваа грешка предизвика вистинска бура во Косово, а поединци отидоа дотаму што заклучиле дека на овој начин е доведен во прашање и суверенитетот на државата Косово.

Како што пишуваат албанските медиуми, ова е своевиден скандал, а со оглед на тоа дека ова не се единствените грешки во учебниците од овој вид, некои наставници се обратиле до Министерството за образование.

 

На почеток