саб. Окт 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Персонализирани картички „Скопска“ имаат 4-годишен рок, граѓаните ќе треба да дадат 200 денари за да ги заменат

Јавното сообраќајно претпријатие ги информира граѓаните дека треба да ја заменат персонализираната електронска картичка „Скопска“ на која и е истечен рокот на важност.

„Рокот на важност согласно одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје број 07-10504/1 од 22.12.2015 година изнесува 4 години од издавањето, дека истата треба да ја заменат како би го користеле превозот.
Обнова/замена на картичките може да се направи во центрите за персонализација на Транспортен центар (во автобусот), во центарот за персонализација во Карпош 2 и во Аеродром (до ТЦ Капитол), од 6 до 19.30 часот“, велат од ЈСП.

Од таму додаваат дека замената на картичките е на трошок на сопственикот на картичката и изнесува 200 денари.

„Во случај картичката да е истечена, а на неа да има неискористени средства, тие системски ќе бидат префрлени на новата картичка. Заинтересираните, статусот на картичката можат да го проверат во центар за персонализација“, соопштија од ЈСП.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close