Македонија

Бундестагот со големо мнозинство поддржа почеток на преговорите со Македонија и Албанија

Германскиот Бундестаг вечерва со 476 гласа за, 122 против и 16 воздржани потврди дека Македонија ги исполнува условите да добие датум за почеток на преговорите со Европската Унија. На седницата во Бундестагот присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања , Бујар Османи , кој беше поздравен од пратениците.

Според пратеникот од владејачката ЦДУ /ЦСУ , Петер Бејер , младите луѓе од Северна Македонија и Албанија треба да живеат во средина каде ќе бидат применувани европските стандарди и ќе имаат позитивна перцепција за ЕУ .

За Албанија, за која исто така е одобрен почеток на преговори, „за” гласаа 395 пратеници во Бундестагот,, 188 беа против и 16 воздржани.

На почеток