Македонија

Загина работник на ЕВН во Тетовско

Вработен во електродистрибутивната компанија ЕВН загинал денеска околу 9 часот и 30 минути откако паднал од далновод во близина на тетовското село Џепчиште.

Во СВР Тетово околу 9.30 часот вработен во ЕВН пријавил дека неговиот колега Д.С (43) вршејќи интервенција односно отстранување на дефект на далновод паднал и починал. Повикана е итна медицинска помош која констатирала смрт, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во тек е увид кој го започнаа да го вршат јавен обвинител и службите на СВР Тетово. /МИА

На почеток