Македонија

Од денеска дожд, пообилни во текот на ноќта

Метеорлозите за денеска најавуваат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Според најавата пообилни врнежи ќе има доцна попладне и во текот на ноќта кон петок (локално над 30л/м2) кога на места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер кој кон крајот на денот ќе се промени во северен

Најавата за утре е променливо облачно и свежо, претпладне со врнежи од дожд, кои на југоистокот ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието.

На почеток