Македонија

Мицкоски: Откако европскиот совет се произнесе за датум за преговори за земјва, да формираме техничка влада,  да ги подготвиме институциите за  одржување на избори 

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешната прес конференција одговраше на новинарски прашања. Во продолжение прашањата и одговорите во целост:

Прашање: Дали мислите дека премиерот ќе го прифати вашето барање за предвремени парламентарни избори и дали ќе предложите измени во изборниот законик во врска со изборите?

        Христијан Мицкоски,: Дали ќе го прифати го прифати претпоставувам ќе треба Зоран Заев да ви одговори  но јас мислам дека би било мудро од негова страна и добро за државата и за иднината на државата да го прифати барањето за одржување на  предвремени парламентарни избори а еве јас го понудив како термин месецот Март следната година веднаш после средината на Октомври кога очекуваме од страна на Европскиот совет да се произнесе дали Македонија ќе добие датум да отпочнување на преговори , дали нема да добие , дали тоа ќе биде некое условено меѓу решение во целата оваа ситуација . Веднаш потоа да формираме техничка влада,  да ги подготвиме институциите за  одржување на предвремени парламентарни избори  бидејќи само тоа е начинот како можеме да провериме дали навистина  блескаме или блеска криминалот, корупцијата ,рекетот и октоподот во оваа држава. Јас сум убеден , дека граѓаните  се мудри и граѓаните знаат да изберат дали ова кое што денеска е секојдневие и политики на Заоран Заев и СДСМ или нешто ново што ВМРО ДПМНЕ во периодот што следува ќе го понуди и од кадровски но и од аспект на нови револуционерни политики кои што ќе обезбедат навистина модерна и просперитетна иднина за Република Македонија.

За изборниот законик се уште нема никакви состаноци на ниво на меѓу партиски комисии. Од она кое што беше последно лиферувано како информација во јавноста е дека се зборува исклучиво за пораките на ОБСЕ и ОДХР  кои што немаат никаква врска со изборниот модел кој што го слушаме и е тема денеска во јавноста за која што зборуваат и луѓето од СДСМ  но и претставниците на помалите политички партии.

            Прашање: Министерката беше јасна вчера на прес конференцијата рече дека ќе предложат отворени листи или една изборна единица. Дали тоа е прифатливо за вас?

          Христијан Мицкоски,: Искуството вели дека не секогаш кога официјалните лица на СДСМ даваат изјави ја говорат вистината. Претпоставувам и дека таа нејзина изјава е во насока да се задржи правилото кое што денеска стана секојдневие во Република Македонија, а тоа е да не ја говорат вистината. Претпоставувам дека и оваа нејзина изјава е дел од тој фолклор. Инаку, што се однесува до кој став и каков изборен модел е прифатлив за ВМРО-ДПМНЕ, па поголеми отворени листи од 120 изборни единици, мнозински изборен модел не постои. Еве да излеземе да го прифатиме 120 изборни единици изборен модел и да идеме на предвремени парламентарни избори. Ако навистина сакаат да граѓаните да го дадат својот глас онака како што треба и тој глас да биде вреднуван, да имаме демократски капацитет, да имаме навистина демократски избори, еве предлагаме 120 изборни единици и оној кој што во првиот круг ќе освои најмногу гласови тој ќе биде претставник на граѓаните во рамките на парламентот.

            Прашање: Во таа насока значи дека за вас е неприфатлив оној предлог што и денеска го лиферуваше премиерот за една изборна единица. Тие велат дека се подготвени за тоа.

            Христијан Мицкоски,: Во таа насока е прифатливо секое она решение кое што ќе го зголеми демократскиот капацитет и квалитет, но и кој што ќе понуди да гласот на граѓаните кои што ги бираат своите претставници во парламентот на РМ, да биде посилен и погласен и да биде навистина тој глас кој што треба да ги застапува интересите на граѓаните кои што ги бираат тие народни претставници. Затоа велам, ако сакаме да го максимизираме влијанието на граѓанинот ајде еве да избереме еден мнозински концепт каде што тој што во првиот круг ќе има најголем број на гласови тој да биде претставник на тие граѓани кои што го бираат во таа изборна единица.

            Прашање: Господине Мицкоски речиси во сите ваши говори и прес конференции зборувате за криминалот на оваа власт и за октоподот. Дали имате докази за тој криминал и што ќе правите доколку ги имате?

            Христијан Мицкоски,: Голем е бројот на граѓани од различен профил во Република Македонија кои што доаѓаат и кај нас презентираат докази. Заеднички именител и на вашето прашање, но и на сите тие граѓани кои што доаѓаат и презентираат докази, е дека и вие и јас се сложуваме дека има многу криминал. Дека навистина има многу криминал во Република Македонија. Дали тој криминал треба да биде дополнително разочарување кај граѓаните и дали дополнително треба граѓаните да се разочаруваат од криминалот, неисполнетите ветувања и нереализираните очекувања, е веќе социолошко прашање на кое што ќе треба да дебатираме и да зборуваме на начинот на кој што тој криминал треба да биде презентиран. За мене, мислам дека треба да постои една траекторија, а тоа е да се пријави онаму каде што му е местото, во едно независно обвинителство, а потоа доколку се докаже тој криминал или сомневањата да се отпочне една судска  постапка низ еден фер и транспарентен судски процес, да се дојде до едно конечно решение. Дали ќе имаме пресуда или ќе имаме ослободителна пресуда. Така што, навистина жалам што живееме во едно општество каде што луѓето се оптоварени со буквално и на секој чекор се среќаваат со злоупотреба, корупција и криминал и практично тој заеднички именител што денеска е кохезивна тема за сите граѓани во РМ, без разлика на политичката, верската или етничката припадност. Сите знаат дека постои криминал, дека тој криминал се случува од најниско до највисоко ниво и ние сега треба тој криминал да седиме и да го трпиме. Токму таа е една од тие причини, да се надоврзам на претходното прашање, што мислиме дека е императив да се случуваат предвремени парламентарни избори, во кои што ќе го понудиме нашиот концепт за правда и правдина, односно закони и почитување устав без исклучок, наспроти концептот каде што имаме многу криминал, многу корупција, октопод и рекет политичари.

            Прашање: Што ќе биде со законот за јавно обвинителство , Заев изрази подготвеност повторно да има уште една лидерска средба можно ли е воопшто ваков закон да биде донесен?

          Христијан Мицкоски,: Повторно сега доаѓаме до она што претходно го кажав а тоа е дека  не секогаш штоп тоа го говорат тоа и го мислат и не секогаш тоа што  го говорат се случува . Најпрво викавме ќе имаме лидерска средба па потоа имаа определени брифинзи дека таа ќе се случи во Понеделник еве денеска сме Четврток , таа не се случи па потоа се смени текстот на изјавата дека ако имаме приближување на ставовите тогаш практично ќе имаме и лидерска средба и така натаму . Но каква е вистината барем онаа вистина која што јас мислам дека во случајот е вистина имаме еден концепт кој што ние го нудиме а тоа  е концепт на безусловно почитување на законите и уставот и имаме еден концепт каде што  имаме правно насилие со една цел политички прогон на опозицијата и на тој начин мотивирање на членовите на СДСМ во рамките на нивната структура без разлика што на тој начин се прекршени законите злоупотребени институциите без разлика што ние имаме класично правно насилие што денеска ни се случува во Македонија тие се подготвени да го стават партискиот интерес над сите над државниот а државниот е почитување на законите и уставот. Јас не верувам дека постои искрена желба од страна на СДСМ да се постигне договор поготово не сега неколку месеци пред парламентарни избори бидејќи тие на овој начин пред нивните симпатизери имаат една реторика која што велат еве ги префрливме предметите од таму ќе видат сега овие од ВМРО наши се обвинителите наши се судиите ќе ги притиснеме и ќе ги однесеме таму каде што им е местото . Затоа што ако сакаат да има компромис тогаш тие би требало да прават отстапки  и на тој начин да имаат определена политичка штета. Кога станува збор за СДСМ и кога беа опозиција, но и сега кога се власт партискиот интерес е над се, наспроти државниот интерес. Ние до ден денеска, македонската јавност ниту вие како новинари, ниту фелата, ниту било кој не го виде писмото од Катица Јанева, до ден денеска македонската јавноста било кој што се занимава со оваа тема не го виде нотарот кој што го потврди потписот на Катица Јанева, не го виде судијата кој што го одобри текстот на тоа писмо. Денеска ние имаме јавен обвинител, државен јавен обвинител кој што издава одобренија, согласности за застапување на предмети на лица кои што немаат засновано работен однос во обвинителството. Прашајте ги еве вие сте новинари ве охрабрувам и ве замолувам прашајте ги помошниците поранешни на притвореничката Јанева, а денеска обвинители кои што немаат засновано работен однос во обвинителството каде работат? Лица кои што немаат  засновано работен однос, денеска прават класичен политички прогон врз политички неистомисленици. Ќе ве потсетам тие лица ја држат во заложништво ВМРО-ДПМНЕ. Го имаат замрзнато имотот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој имот, тоа замрзнување на тој имот предизвикува потешкотии во функционирањето на партијата. Но ние имаме мотив, имаме чест и ќе останеме достоинствени во оваа битка и ќе ги поразиме жестоко на следните парламентарни избори. Еве нека биде ова уште една фрлена ракавица за Зоран Заев да почекаме средината на октомври нека заврши да видиме која ќе биде одлуката на Европскиот совет, сите работиме во насока таа да биде позитивна, еве после тоа ќе имаат успех како што тие велат, веднаш да формираме техничка влада и да одиме на предвремени парламентарни избори. Токму тоа ќе биде основен тест да видиме  дали ова правно насилие, криминал, рекет-октопод Влада која што вели дека блеска ќе го добие гласот на народот или ќе има нова прогресивна политика со идеи и визија како Македонија да се развива во иднина. Не постои друг начин, друг начин е само продолжување на агонијата и повторно ќе се соочиме на прес конференција овде заедно со вас и повторно ќе се согласиме дека постои криминал само прашањето е дали имаме докази, дали тие докази јавно ќе бидат објавени, дали ќе имаме судски процеси. Не оди вака, државата ни се празни, луѓето се разочарани, луѓето се навистина тажни и несреќни, ние сме тие кои што сакаме само да покажеме и да добие шанса дека не се сите исти како што тоа сака да го прикаже Зоран Заев и малкумината обожаватели околу него. Напротив има голема разлика, виновникот за оваа неправда кон нашата држава и неправдите кон нашите граѓани има име и презиме и политичка припадност, тоа се СДСМ и Зоран Заев.

           

 

 

           

На почеток