Македонија

Мицкоски за Фактор: Можното формирање на нови партии е нарачка на Заев

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во вестите на Алфа ТВ тврди дека новите десничарски партии кои би се формирале а во нив би фигурирале личности како Митко Јанчев, Никола Тодоров и Петар Богојески се по нарачка на СДСМ и премиерот Зоран Заев.

Во ексклузивно интервју за Фактор, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска вели дека не сака да го погази или да го збуни членството, но смета дека ако партијата не се вразуми и не ја смени политиката и реториката, се остава простор да се формира нова партија, во која и тој би учествувал.

„ВМРО-ДПМНЕ е обединета. Последните резултати од претседателските избори тоа го покажуваат, но истовремено легитимна е желбата на власта, на СДСМ и на Зоран Заев да прават еден вид проблеми во рамките на опозицијата и тоа е една легитимна постапка. Така што сетоа она што би значео атомизирање и тоа било какво па дури и во рамките на некои незначителни процеси во случајов му одговара само на СДСМ и ЗОран Заев.

Текстот во целост на: фактор.мк

На почеток