Македонија

Анѓушев: Да се пролонгира воведувањето данок за капитални добивки

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев смета дека каматите на штедните влогови треба да се даночат, а оданочувањето на дивидендите од акциите да се пролонгира за неопределено време, бидејќи како што вели тој, берзата е се уште млада. Тој вели дека македонската берза е млада и треба да се остави простор таа да се развива.  Но што точно ќе биде предмет на оданочување допрва ќе се разглеудва.

„Тој данок мислам дека треба да се пролонгира за да се стимулира работата на берзите, зашто нашата берза е млада берза и допрва треба да се развива и сите држави кои биле во тој сегмент на развој го направиле тоа за да ги развијат берзите и берзанското работење и да ги охрабрат компаниите кои се друштва со ограничена одговорност да се трансформираат во акционерски друштва бидејќи тоа е еден од начините да дојде свеж капитал во тие фирми“, рече Анѓушев.

Од ВМРО-ДПМНЕ  сметаат дека  дека не треба да се правата турбуленции во даночната политика. Тие сметаат дека дека власта премногу си игри со даночните политики и не им дава никаква сигурност на граѓаните.

За можното одложување на оваа мерка веќе реагираше довчерашниот советник во Министерството за финансии Бранимир Јовановиќ, кој беше дел од тимот на ексминистерот Драган Тевдовски. Според него, со ова Владата испраќа јасна порака дека работи во интерес на богатите.

 

На почеток