саб. Окт 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Николоски: Фолксваген воопшто не ја разгледувал Македонија во финалната фаза за инвестиција, Заев повторно излажа!

Затоа што корупцијата цвета, а економијата тоне Фолксваген воопшто не ја разгледувал Македонија во финалната фаза за инвестиција, Заев повторно излажа!, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Тој на својот ФБ профил напиша:

-Деновиве Фолксваген официјално објави дека својата нова голема инвестиција ќе ја отворат во Турција. Таму вложуваат фантастични една милијарда и четиристотини милиони долари отвараат над пет илјади директни работни места и уште двојно повеќе индиректни, ќе произведуваат над триста илјади коли годишно главно Пасат и Шкода Суперб. Она што е особено интрересно е што во информацијата на Фолксваген дадена за престижниот Блумберг велат дека во финална фаза биле земени во предвид покрај Турција и Бугарија, Србија, Романија и Северна Африка. Со ова Фолксваген потврдува дека Македонија никогаш не влегла во финална фаза за избор, а да не зборуваме фабриката да се гради во Македонија! Така за жал лажеше Зоран Заев кој во јануари месец зборуваше дека само што не се донела одлуката па дури и го злоупотребуваше името на Канцеларката Меркел и советникот за надворешна политика Хекер. Но на лагата и се кратки нозете, пишува Николоски на ФЕјсбук и додава:

„И да бидеме начисто Фолксваген воопшто не ја зел во предвид Македонија затоа што слушааат и знаат дека корупоцијата цвета, дека фирми се рекетираат, дека им се нудат ” стратешки партнери” кои би зеле пола од фирмата за без пари, знае Фолксваген дека тоне во криминал и корупција цела Влада и затоа не ни сака да размислува, а камо ли да инвестира во Македонија! Затоа оваа Влада треба да си замине час поскоро, ден поскоро и да дојде нова која ќе ја обнови Македонија, со тим на способни и компетентни луѓе кои ќе ги донесат големите светски корпорации во Македонија, а ќе ги покренат и домашните фирми, тим на способни луѓе со цел да го зачуваме народот да остане во Македонија, а не секојдневно да ја напушта државата! Деновите се одбројани, доаѓа обновата на Македонија!“.

Затоа што корупцијата цвета, а економијата тоне Фолксваген воопшто не ја разгледувал Македонија во финалната фаза за…

Geplaatst door Aleksandar Nikoloski op Zaterdag 5 oktober 2019

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close