Свет

Убиена правнуката на сојузниот премиер на поранешна СФРЈ – Џемал Биједиќ!

19 годишната студентка, Лана Биједиќ од Мостар е пронајдена мртва во реката Студенчица во местото Студенац крај Љубушки во Херцеговина. Нејзиното тело го пронашол рибар, по што повикал полиција. Лана деновиве се подготвувала да тргне на факултет во Сараево. Таа е ќерка на позната универзитетска професорка од Мостар и правнука на сојузниот премиер на поранешна СФРЈ, Џемал Биједиќ кој во 1977 година настрада во авионска несреќа.
Нејзиното исчезнување вчера во 17 часот го пријавиле нејзините родители, откако не се вратила “од кафе со пријателка“, како што и кажала на мајка и, по што настанала паника.

Неофицијално на телото на девојката немало траги од огнено оружје, но на лице место на трагичниот настан и на нејзиното тело се пронајдени траги кои укажуваат дека се борела со убиецот.

Подетални информации по завршувањето на обдукција.

На почеток