саб. Окт 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Шведскиот крал им го укина кралскиот статус на петмина свои внуци

Шведскиот крал Карл Густаф го намали бројот на членовите на семејството кои ќе примаат пари од средствата добиени од даночните обврзници со одлуката за укинување на статусот „кралско височество“ за пет свои внуци.

Како што е најавено, внуците на кралот ќе ги задржат титулите принц или принцеза и војвода или војвотка, но нема да извршуваат кралски должности, пренесе Си-ен-ен.

Би-би-си наведува дека одлуката на кралот значи дека внуците на возраст од една до пет години веќе нема да добиваат годишен „џепарлак“ – апанажа која на членовите на кралското семејство им се исплаќа од буџетот на земјата.

Одлуката не се однесува на двете деца на шведската престолонаследничка, принцезата Викторија, односно принцезата Естела и нејзиниот помал брат, принцот Оскар.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close