Свет

Казна за вработените во ХРТ кои со српско знаме ги најавија косовските избори?

Прилогот на Хрватската радио-телевизија (ХРТ) за изборите во Косово, во коj позади водителката беше прикажано српското знаме, ги налути албанските претставници во Хрватска, пренесува „Блиц“, повикувајќи се на хрватски „Индекс“ од каде соопштија дека тие барале одговорност од вработените кои го направиле пропустот.

Хрватскиот портал, повикувајќи се на фејсбукот на пратеничката од редовите на албанското малцинство, Ермина Лекај-Прљаскај, наведува дека ХРТ организирала средба со претставници на албанското малцинство и ветила казна за оние кои ја направиле визуелната најава.

Според напишаното на Фејсбук, на состанокот покрај Прљаскај биле присутни и претставникот на Косово во Загреб, Гзим Касаполи, и генералниот директор на ХРТ, Казимир Бачиќ, пренесува „Индекс“.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=1012658612428365&id=100010527065109

На почеток