Новиот статут кој ќе го има партијата ВМРО ДПМНЕ предвидува да се укине местото „Почесен претседател“ на партијата.
Ова го изјави Кристијан Мицкоски вечерва во емисијата „24 Отворено“ со Младен Чадикоски.
Мицкоски кажа дека ова не треба да се толкува како дистанцирање од Никола Груевски туку како модернизација на партијата која полека но сигурно отвора простор на новите генерации.