Скопје

Во текот на изминатиот ден во Скопје, издадени се 73 мандатни платни налози и 78 возила се подигнати со „пајак”

Во текот на 08.10.2019 на подрачјето на СВР Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека шест возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 20 возачи,  од кои: двајца возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 16 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило и двајца возачи – почетници, кои не ги почитувале сообраќајните прописи согласно ЗБСП. Исто така, исклучени од сообраќај се и 18 возила, од кои шест возила бидејќи биле технички неисправни и 12 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се двајца возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, четири возачи поради недавање на првенство на минување на возила во зона на крстосница, двајца возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 11 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 12 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило. Во текот на изминатиот ден издадени се 73 мандатни платни налози и 78 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

На почеток