саб. Окт 19th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Седница на Советот за безбедност по турската воена операција во Сирија

Турција почна со воена операција во Сирија со цел да формира безбедносна зона во регионот под контрола на курдската милиција , сојузници на САД. Милицијата, се помести на позиции да ја одбијат турската офанзива, која засега се состои од воздушни напади и артилериски гранатирања.

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган претходно денеска на социјалната мрежа Твитер објави дека почнале офанзива заедно со Сириската национална армија, а целта се курдските милитанти и Исламска држава.

Функционерите што го потврдиле прекинот на операциите на СДФ против Исламска држава не биле овластени да даваат детали за ситуацијата што се развива и зборувале под услов на анонимност, пренесе Асошиејтед прес.

Американскиот функционер од одбраната рекол дека сè уште не почнал упадот на турските копнени сили, но дека се очекува наскоро.

Според неименувани дипломати Советот за безбедност на Обединетите нации ќе одржи седница зад затворени врати. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска во Рим рече дека воената операција мора да воздржана и дека многу е важно да не се предизвика понатамошна дестабилизација на регионот.

 

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close