Скопје

Настап на Градскиот дувачки оркестар по повод 11 ти октомври

Денеска, 10.10.2019 година, (четврток) по повод празникот 11 Октомври, со почеток во 17:30 часот, од Музеј на град Скопје кон улица Македонија“, па се до плоштадот, Градскиот дувачки оркестар ќе одржи променаден концерт.

На оваа музичка променада, членовите на оркестарот ќе ги  изведат  следниве  дела:

– Младинска чекорница

– Вардаре македонски

– Патриотска чекорница

– Народе македонски

– Работнички марш

– Ваташа

– Огномет на слободата

Градскиот дувачки оркестар, кој работи под покровителство на Град Скопје,  составен е од членови главно професионални музичари. Досега, има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници, најразлични настани, давајќи им свечана нота.

 

 

На почеток