Македонија

Денеска трилатерална средба на Заев, Вучиќ и Рама

Премиерот Зоран Заев, српскиот претседател Александар Вучиќ и шефот на албанската Влада, Еди Рама претпладнево ќе одржат трилатерална средба во Петроварадинската тврдина во Нови Сад.

Според најавите, тема на состанокот е поврзување на пазарите на земјите од регионот и отстранување на различните бариери за водење бизнис и слободниот проток на стоки, луѓе и услуги.

 

На почеток