Скопје

Детската недела во Кисела Вода се одбележа со културно уметничка програма

По повод одбележувањето на Детската недела 2019, денеска во паркот „Шопен“ во Кисела Вода се одржа настан со богата културно уметничка програма.

Првачињата од општинските основни училишта „Невена Геогриева – Дуња“ и „Кирил Пејчиновиќ“, во паркот пред присутните изведоа повеќе музичко-ритмички точки, а читаа и детски песни преку кои испратија пораки до возрасните.

На настанот, во прекрасната изведба на децата уживаше градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски.

Детската недела со разни активности се одбележа во сите основни училишта во Кисела Вода. Секоја година, во првата полна седмица на октомври Детската недела ја одбележуваат сите земји членки на Обединетите нации.

На почеток