Скопје

Инспекторатот на Град Скопје на лице место фатија лице кое истура отпад на земјоделско земјиште во село Бардовци

Инспекторатот на Град Скопје, објави фотографии на официјалната фејсбук страница под кои стои објаснување дела во атар на село Бардовци лоцирано и казнето е лице кое истура секаков вид на отпад на земјоделско земјиште-нива.

Комуналните редари го затекнале лицето како истура отпад, направиле записник врз основа на кој инспекторите во Градот ќе изречат казна. Исто така, лицето било задолжено да го собере целиот отпад и соодветно да го одложи.

На почеток