Свет

(ВИДЕО) Се урна хотел во Њу Орлеанс, две лица загинаа повеќе повредени

Најмалку две лица загинаа, а едно е пријавено за исчезнато кога се урна дел од хотел во изградба во Њу Орлеанс, Луизијана. Повеќе од 20 лица се повредени. Агенцијата „АП“ пренесе дека голем дел од хотелот „Хард Рок“ кој бил во изградба, ненадејно се срушил.

Како што се наведува, повисоките катови почнале да се рушат врз ниските од едната страна на зградата.

Засега не е познато што го предизвикало рушењето на хотелот кој требало да биде отворен на пролет, идната година.

На почеток