Македонија

Кривичниот совет повторно ќе одлучува за гаранцијата на Јанева

Кривичниот суд повторно треба да одлучува по понудената гаранција од поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, со која бараше да се брани од слобода, а по одлука на Апелациониот суд.

Претходно, судија на претходна постапка во Кривичниот суд, како недозволен го отфрли предлогот екс шефицата на СЈО да излезе од притвор за што понуди три станови.
Од Апелациониот суд велат дека предлогот за укинување на мерката притвор со определена гаранција не смеело да се отфрли туку требало да се оцени основаноста.
На почеток