Свет

(ВИДЕО) Стотина косовски специјалци во Северно Косово уапсија двајца Срби

Рано утрината околу 5 часот, стотина припадници на специјалните косовски полициски сили РОСУ, влегоа на северот на Косово во српскиот дел и уапсија двајца Срби. Ова предизвика големо вознемирување кај српското население.

Како што пренесува Косовапрес, двајцата Срби се уапсени по наредба на косовскиот суд, поради наводна вмешаност во убиството на Оливер Ивановиќ.

Еден од уапсените е полицискиот истражител, Раде Басара, за кого има сомнеж дека ги прикривал доказите при истрагата.

https://www.facebook.com/KlanKosovaOfficial1/videos/524515681696817/?v=524515681696817

На почеток