нед. Ное 17th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

(ОБНОВЕНО) Утврден идентитетот на лицето кое изврши низа кривични дела во Охрид

Полицијата го утврди идентитетот на лицето кое попладнево изврши низа кривични дела во Охрид. Се работи за лице од Скопје, кое престојувало во Охрид. Детали за целиот настан ќе соопштат од СВР Охрид.

Инаку како што објави Скопје 1, напаѓачот кој попладнево изврши низа кривични дела совладан од Охридската полиција, по брканица по Охридската чаршија. Имено напаѓачот кој покрај тоа што ограбил две златари, претходно нападнал таксист. Тој повикал такси да го земе од Вила во Горно Коњско каде бил сместен и побарал да биде пренесен до центар. При тоа го нападнал и таксистот со пиштол и нож, но за среќа таксистот успеал да го запре возилото во близина на Охридската Гимназија и да избега, по што напаѓачот продолжил кон Охридската чаршија каде ги извршил кражбите во Златарите.

По грабежите тој се упатил во кафетерија во Охридската чаршија и со пиштолот почнал да замафнува по што сам си го вперил пиштолот во грлото. Гостите панично го напуштиле објектот, по што и напаѓачот излегол од објектот.

 

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close