нед. Ное 17th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

На Самосоненко му прекипи па проговори – со фалсифкат и уцени се обидуваат да ми го земат хотелот на плоштад

Со скриена игра и организирано дејствување, поврзано со изградбата на хотел Мериот-Градска куќа-Офицерски дом на плоштадот „Македонија“ во Скопје, некој сака да му наштети на инвеститорот на овој објект, Сергеј Самсоненко,човекот кој на македонската јавност ú е познат како бизнисмен и сопственик на спортскиот клуб „Вардар“. Случајот со изградбата на хотел Мериот-Градска куќа-Офицерски дом на Плоштадот во Скопје  е пријавен во МВР и во други надлежни институции, но со оглед на тоа што договорот е склучен со државата, а материјалната штета е голема, не е исклучено целата работа да заврши пред меѓународните судови, објави вечер.мк.

Сомнежите на адвокатот на бизнисменот Самсоненко,  Александар Новаковски, се темелат на низа незаконски дејствија на фирма доверител која со фалсификуван договор заверен кај нотар има непостоечко побарување од Самсоненко, со цел,  како што оценува, да му се наштети, што меѓу другото, би резултирало и со негово оневозможување  да вложува во македонскиот спорт.

Самсоненко тврди дека  договорот за изградба на објектот на скопскиот плоштад го добил на најтранспарентен начин од државата  и притоа ги платил сите дотогаш доспеани долгови. Но, поради инвестициите кои ги направил во спортот, дошло до извесно доцнење во плаќањето на фирмите кои биле ангажирани за изградба на објектот. Проблемот со сите доверители, освен со еден бил решен со меѓусебен договор за подоцнежна исплата.

Текстот во целост на: вечер.мк

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close