Мислам дека Европската Унија сака да види една демокртаска држава, просперитетна во своите граници. Тоа може и мора да е Македонија. И затоа ни се потребни брзи предвремени избори и промена на власта. Нашиот план кој што го спремаме и ќе го понудиме во јавноста е во 2020 година да добиеме датум, да почнеме преговори и со една добра стратегија за 5 години да ја завршиме во 2025-та година како една гранична година дадена за Србија и за Црна Гора. Тоа со способна Влада е возможно, изјави Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Само Интервју“ на Канал 5 телевизија.

Како политичка партија ние сме тие кои зборуваат за Европската Унија и НАТО и сметаме дека Македонија нема алтернатива. Јас сум кажал и ќе повторам, партнери на Македонија се Брисел, Берлин, Париз, Вашингтон и Лондон. И тука сме многу јасни, потенцираше Николоски.