Актуелно

(ВИДЕО) Aвиокомпанијата „Квантас“, Успешно го заврши пробниот најдолг непрекинат лет од Њујорк до Сиднеј

Боингот 787-9 Дримлајнер на  австралиската авиокомпанијата „Квантас“ го реализираше најдолгиот лет во историјата без прекин, цели 19 часа од Њујорк до Сиднеј. Од аеродромот во Њујорк „Џон Ф. Кенеди“ полета во петокот вечер и слета на аеродромот „Кингсфорд Смит“ во Сиднеј утрово.

На првиот од трите „супер долги“ пробни летови, што австралискиот национален авиопревозник „Квантас“ ги реализира оваа година, научниците ги следат ефектите од повеќечасовните непрекинати летови врз патниците. Авинот со 49 луѓе во него летаа точно 19 часа и шест минути помеѓу Њујорк и Сиднеј на пат долг 16.200 километри.

Во моментов, Сингапур ерлајнс го има светски најдолгиот комерцијален лет од Сингапур до Њуарк, кој трае 18,5 часа.

На почеток